Три лица од Куманово се лишени од слобода во две одделни полициски акции, откако при претреси во нивните домови биле пронајдени наркотични средства и нелегално оружје.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 27 јули во 20:35 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле 19-годишниот Г.М. од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Младиот кумановец бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Подоцна истата вечер, во 22:20 часот, полицијата ги лишила од слобода Р.С. (45) и Д.В. (42), исто така од Куманово.
При претрес во домот на Р.С., каде што во моментот се наоѓала и Д.В., полициските службеници пронашле бела прашкаста материја, како и пиштол со калибар 7,62 милиметри без рамка и муниција, за кој сопственикот не поседувал соодветна дозвола.
При личен преглед на Д.В. била пронајдена дополнителна прашкаста материја, по што и двајцата биле приведени во полициска станица.
Од МВР соопштија дека по целосното расчистување и документирање на случаите, против сите приведени ќе бидат поднесени соодветни пријави.
