Тропска бура ги погоди Филипините – во засолништа 5000 луѓе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од 5.000 луѓе избегаа во привремени засолништа на јужните Филипини, бидејќи тропската бура Дуџуан донесе силен дожд кој поплави десетици села, соопшти денеска државната агенција за следење на катастрофи.

Агенциите пишуваат дека невремето особено погодило два региона, меѓу кои е и областа каде се вади никел во Карага. Од поплавите се оштетени куќи и мостови во провинцијата Суригао дел Сур.

Поради лошите временски услови, досега се откажани најмалку 36 домашни летови.

Обилниот дожд се очекува да продолжи и во понеделник во областа Караж и неколку други провинции.

Овој архипелаг во Југоисточна Азија е погоден од просечно 20 тропски бури годишно.