Трошоци, субвенции, донации и јавни набавки за справување со корона кризата, како и податоци за сите исплати од Буџетот направени во рамките на мерките за справување со Ковид-19 кризата, се достапни на надградената веб-страница за финансиска транспарентност на Владата koronavirus.gov.mk, извести министерот без ресор за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.
Владата ги задолжи министерствата и државните органи во рок од пет дена да ја внесат целата помош што ја добиле за време на пандемијата на Ковид-19.
Веб-страницата нуди детален преглед на сите донации, извештаи за исплатите од Буџетот за справување со корона кризата, како и информации за сите јавни набавки.
