Трпчевски: Привремено ја затвораме болницата „Плодност“, сите вработени 14 дена во самоизолација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот човек на болницата „Плодност“ од Битола преку видео обраќање во јавноста информираше за состојбата на докторот кој е прв случај позитивен на коронавирус во Битола.

Д-р Таше Трпчевски информираше дека состојбата на докторот е стабилна и дека болницата „Плодност“ иако имала можност за смена на целиот кадар со цел продолжување на работа, сепак одлучиле таа да биде затворена, а сите 14 дена да се наоѓаат во самоизолација.

И министерот за здравствено, Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека болницата ќе биде затворена 14 дена.

Обраќање на д-р Таше Трпчевски од Плодност, Битола каде заразен е еден доктор со Ковид-19

Gepostet von TV21 am Sonntag, 29. März 2020