Царини од 25% за сите стоки од Канада и Мексико до САД. Ова стапува на сила во денеска во 8 часот по македонско време.
Берзанските индекси во Њујорк паднаа, а експертите предвидуваат дека царините ќе нанесат сериозна штета на економиите на Канада и Мексико.
Канада ќе воведе одмазднички тарифи за американските производи почнувајќи од вторник како одговор на тарифите објавени од претседателот Доналд Трамп, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо, цитиран од телевизијата CBC.
Тој ја повика американската администрација да ги преиспита своите царини и рече дека Канада „останува непоколеблива“ во одбрана на својата економија, работни места и работници.
