Денеска на прес конференција во Владата Претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска ја претставија новата Национална платформа за онлајн настава.
„Откако дојдов на оваа функција силно се посветивме на креирање на платформата за учење од далечина, која ќе ја презентираме денеска. Подготовката беше голем предизвик, но таа е влог во иднината и модернизација на образованието. Таа е алатка која во оваа учебна година значително ќе помогне да го задржиме квалитетот на образовниот процес и во услови на пандемија“, посочи Царовска.
