Министерката за образование и наука Мила Царовска во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 посочи дека поднесени се 422 барања за образовни асистенти, додека пак обезбедени се 315.
„Децата од 1во до 3то одделение стартуваат со физичко присуство, освен оние родители кои ќе се изјаснат дека не сакаат нивното дете да оди со физичко присуство. Специјалните училишта, исто како и останатите, доставија барање за утврдување дали ги исполнуваат условите за физичко присуство ќе почекаме што ќе им биде обезбедено, но секако дека тие деца требаат да имаат и асистенти коишто сега се трудиме да ги обезбедиме. 422 барања се поднесени за образовни асистенти, ние досега имаме обезбедено 315, но се прават комбинации доколку се пократки часовите да еден асистент работи со две деца“, посочи Царовска.
