„Цела зграда се стресе“ – Регистриран земјотрес во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 11 часот и 3 минути е почувствуван земјотрес во Риека.

Како што информираат од Сеизмолошката служба на Хрватска, магнитудата е 3,4 степени. Епицентарот на земјотресот бил на осум километри североисточно од Риека, кај Гробник, на длабочина од два километри.

„Многу се тресеше. Јас сум на 18 кат во многу добро изградена зграда. Досега речиси и не сум почувствувал земјотрес, но овој навистина се стресе. Седев на креветот со нозете на подот и земјата под моите нозе буквално се тресеше неколку секунди“, вели граѓанин.

„Седев и се тресеше – столот, земјата… Исто така почувствував дека цела зграда се тресе неколку секунди“, вели друг граѓанин.