Цената на курбаните од 170 до 200 евра – поскапо од минатата година, но продажбата е намалена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цената на курбаните годинава се движи од 170 до 200 евра.

ТВ21 посети една од локациите во Тетово каде што се продаваат курбани, каде што видовме многу курбани, но малку луѓе.

Продавачите велат дека годинава курбаните се поскапи од лани, но и интересот е помал. Разбираат дека веројатно се скапи за купувачите, но одгледувањето курбан бара многу посветеност и затоа сметаат дека цените не се високи.

Годинава цените се добри, од 200 до 170 евра. Нема луѓе, но цените се подобри од претходните години. Минатата година продадовме повеќе бидејќи имавме повеќе стока, имаме помалку стока, луѓе има малку, но цените годинава се подобри.

Цените се повисоки од претходните години, но нема луѓе бидејќи сите заминаа поради големата невработеноста, лошиот живот и сите заминуваат од земја, но фала му на Бога тие мислат на нивните семејства, праќаат пари и курбаните се продаваат. Тој што одлучил да коле курбан не прашува.

Купувачите велат дека цените не се толку високи, посебно за тие кои одлучиле да колат.

Евтино е за тие кои ги продаваат, скапо е за тие кои купуваат, да кажеме скапо е, тогаш сами да одгледуваме и тогаш пак ќе ни изгледа евтино.

За тој што купува веројатно е скапо, за тој што продава не е скапо, и така.

Никогаш не биле поевтини, Албанецот купува кола од 50 илјади евра и се жали за 200 евра дека е скапо, кај си видел?!

Општина Тетово распиша оглас за собирање на животински отпад. Пунктот ќе биде кај Единицата за зеленило, која се наоѓа на излезот од градот, во близина на ЕВН. Пунктот е поставен за да се гарантира заштитата на животната средина и чистотата на градот.