Цената на млекото достигна 95 денари – кој и зошто ги крева цените, дали кризата е вештачка?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вака изгледаат полиците во некои маркети на почетокот на неделата пред поскапување на млекото. Продавачките велат немаат ниту во магацин.

Но, три дена подоцна, млекото добива нова цена. Во конкретниот случај и до 95 денари за увозно млеко и 87 денари од домашните млекопроизводители. Битолското млеко познато „со девојчето“ во маркет во Скопје е 87 денари.

Ако го анализираме патот на цената на млекото, би изгледал вака:

Што значи откупната цена на млекото е трипати повисока од цената во маркетите. Па се поставува прашањето дали само за млекарите и маркетите се покачени трошоците, а не и за сточарите? Откупната цена е зголемена за 30%, а трошоците за 200% вели сточарот Стеванчо Јордановски.

Последен пат кога разговаравме за цената на млекото со Јордановски цената се движеше од 24-27 денари. Со оглед континуираното покачување на цената на млекото во маркетите го побаравме повторно да не случајно се зголемила и откупната цена по која го продаваат сточарите.

„Нема промена на откупната цена и да има некаде тоа е занемарливо 0.5 денари можеби но во малку случаеви“, вели Стеванчо Јордановски.

„Како што кажав и минатиот пат од 24 до 27 денари“, додава тој.

Цена на млеко според НУМБЕО:

  • Косово 0.98 Е – 60 денари
  • Србија 116 динари- 61 денар
  • Албанија 149 лека -79 денари
  • Бугарија  2.76 лева- 87 денари
  • Македонија 87 денари (домашно, 95 увозно)

Од млекарите не добивме одговор по која цена им го продаваат млекото на маркетите и колку ги чини преработката и процесот на производство.

Јордановски вели дека заради ваквите демотивирачки цени на млекото постои опасност од изумирање на сточарството. Тоа уште повеќе ќе се зголемува увозот, а со тоа ќе растат и цените. Според податоците на Државниот завод за статистика Макеоднија увезла 26 милиони литри  млеко во вредност од 37 милиони евра.