Цената на нафтата падна на азиската берза после падот на останатите финансиски компании и влошување на кризата предизвикана од коронавирусот.
Цената на суровата нафта падна за 5,3 %, односно на 20 долари за барел, додека цената на нафтата од Северното море изнесува 23 долари, што е пад од 6,5%.
До падот на цената на нафтата дојде откако е премината бројката од 30 илјади починати од коронавирусот во Италија и Шпанија и зголемување на бројот на заразени во САД.
