Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот остров Флорес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил во морето, недалеку од брегот, на длабочина од 10 километри.
Не е издадено предупредување за опасност од цунами.
