Енергетската криза и поскапувањето на материјалите за преработка на пелети предизвикаа една вреќа пелети двојно да поскапи и сега се продава од 380 до 400 денари.
Покрај тоа што цената е двојно зголемена, во Кичево ретко може да се најдат пелети.
ТВ21 посети компанија која произведува пелети и го покрива овој регион.
„Ваква вреќа пелети што е во моментот пред мене чини од 380 до 400 денари, пред девет месеци или во јануари годинава оваа вреќа пелети чинеше само 190 денари, односно освен огревното дрво и струјата, и пелетите исто така поскапеа“, вели репортерката на ТВ21.
На едно четиричлено семејство да се загрее на пелети за 24 часа му требаат најмалку три вреќи дневно а тоа чини 1200 денари.
Министерот за економија Крешник Бектеши апелира до граѓаните да штедат струја, за да не добиваат вртоглави сметки за струја.
„Во ова време на енергетска криза, да заштедиме што е можно повеќе“, додава Крешник Бектеши.
Од друга страна, министерот за животна средина, Насер Нуредини, апелира до граѓаните да не се греат на дрва бидејќи со тоа се загадува животната средина.
„Верувам дека нашите граѓани се свесни дека ние самите го правиме загадувањето, т.е. ние прво го загадуваме нашето маало, членовите на семејството и мораме да внимаваме, сепак е поевтино да се грееме на струја“, вели Насер Нуредини.
За граѓаните се чини дека дрвото е најисплатливо за греење, поради стравот од недостиг на електрична енергија.
„На дрва“
„Се додека дрвото е меко, тогаш има загадување, има повеќе чад, додека кога е суво, излегува чист чад, излегува сув чад и нема загадување на воздухот“.
Од 1 септември почнаа и рестрикциите за државните институции да штедат струја, додека надлежните подолго време предупредуваат дека поради енергетската криза нè очекува тешка зима.
