Пазарот на недвижнини не попушта, а цените вртоглаво растат. Се очекува за стан во центарот на Скопје да се плаќа и до 2.000 евра по метар квадратен.
Поради пандемијата ќе поскапат и цените на недвижниот имот.
Градежниците објаснуваат дека цените на градежните материјали се поскапени дури до 80 отсто, а проблем имаат и со набавките поради затворените граници.
„Наша констатација и очекување во моментов е дека со покачување на минималната плата и најавените уште поголеми поскапувања на репроматеријалите, цените на становите ќе растат. Дополнително, граѓаните увидоа дека во време на пандемија е најдобро да вложуваат во недвижнини. Сепак, не би можел да кажам за колку ќе се покачуваат цените со оглед дека сме во најтешкиот момент за градежништвото и не знаеме колку тоа ќе трае“, рече денеска Андреа Серафимовски.
Тој додаде дека голем фактор при креирањето на цените на становите во иднина ќе биде застојот со мораториумите.
Секторот бара државата да искреира посебен пакет мерки со кој ќе се ублажат негативните ефекти од КОВИД-панедмијата во секторот. Бараат и недела да им биде работен ден поради спецификите на дејноста, односно неможноста да се одложуваат планираните проекти и договорените рокови.
ФОТО: Архива
