Цените на лековите, двојно повисоки – аналгинот беше 35, сега е над 60 денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Може ли аналгин?

-Може.

-Колку е?

-62.

Порано една лента Аналгин беше 35 денари, а сега над 60. Цените на лековите се покачени, со или без рецепта. Граѓаните се жалат дека иако се пензионери и имаат здравствено осигурување, плаќаат високи цени за лековите.

„Тие што се на рецепта се скапи“.

-Порано вака ли беше?

„Покачени се за половина, ацидрефлукс беше 80 сега е 160 денари“.

„Скапи се, скапи, плаќаме и здравствено осигурување, сега и пензионерите плаќаме за лекови“.

-Дали сметате дека се поскапени лековите?

„Да, скапи се“.

-Порано дали беше вака?

„Јас ги земам за парализа, чинат 1200 евра, приватно ги земам, со рецепта ги нема“.

„Лековите секогаш биле скапи…“

-Кои лекови?

„Сите“

„Сите се скапи, тие со рецепта се поевтини, другите се многу скапи“.

„Многу скапи, навистина многу скапи, лекот е 130 и плус 30 денари, не знам зошто 160 треба да платиме, тоа е“.

-Порано дали беше вака?

„Да не речам исто беа, 100 денари со рецепта“.

Аналитичарот Бесим Хода во Клик Плус зборувајќи за областа со која се занимава, фармацијата, рече дека за 300% е покачена цената на лековите кои се произведуваат во Македонија и Србија.

„Јас сум од областа на фармацијата и се подготвувам да ја напуштам и таа област бидејќи за една ипол година, во областа на фармацијата основните лекови за пациентите се поскапени за 300% и никој не се буни за тоа. Аналгинот пред 2 години чинеше 35 денари, денес е 80, да не зборувам за основните лекови, и тоа што е интересно, само за тие што се произведуваат во Македонија и Србија, сите други лекови што доаѓаат од ЕУ се со иста цена“, вели Бесим Хода.

Од Министерството за здравство, велат дека нема промени кај лековите кои се издаваат со рецепта од лекар, а за тие кои се без рецепт, цената се одредува од производителот.