Централната изборна комисија на Косово ги соопшти официјалните резултати од изборите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Централната изборна комисија (ЦИК) во Приштина ги објави прелиминарните резултати на политичките партии од изборите за собранието на привремените институции, врз основа на пребројувањето на сите избирачки места, според кои Самоопределување на Албин Курти освои 342.254 или 40,80 отсто од гласовите.

На второ место е Демократската партија на Косово која освоила 184.936 или 22,05 отсто од гласовите, а Демократската лига на Косово е трета со 147.928 или 17,64 отсто од гласовите, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на ЦИК.

Коалицијата околу Алијансата за иднината на Косово освоила 62.588 или 7,46 отсто од гласовите.