Ципрас за ТВ21: Договорот од Преспа не беше лесен процес – „ Го најдовме излезот на патот и постигнавме еден историски Договор“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас во ексклузивно интервју за ТВ21 истакна дека овој процес не бил лесна постапка.

„Беше тешка постапка, болна, имавме многу средби, тешки состаноци. Напред-назад… Се сеќавам, карактеристично дека во еден момент се најдовме во безизлезна ситуација. Ако се сеќавам добро, постоеше немоќ во врска со промената на уставот. Во еден момент и јас и Зоран пријателски рековме направивме што можевме, не може да се најде решение, работевме чесно  но веројатно друг пат… Се поздравивме, но во еден момент му реков можеби е добро една седмица да се одмориме…Ако се сеќавам добро беше лето. Да оди на одмор и после со почист ум, да разгледаме повторно. По една седмица ми се јави и рече ајде да разгледаме, да се состанеме повторно и така од момент каде бевме на крајот на еден пријателски и  амбициозен обид, го најдовме излезот на патот и мислам дека постигнавме еден историски Договор “, посочи Ципрас.

Тој вели дека премиерот Зоран Заев одел многу често во Грција, односно дека родното место му е поблиску до Солун од Скопје.

„Знам дека го поминува одморот на Халкидики и се договоривме годинава да  се сретнеме порелаксирано. Веројатно и да се потсетиме на тешките моменти  и да поразговараме за иднината , затоа што колку што постигнавме досега, да постигнеме уште повеќе во иднина“, додава Ципрас.