Црни вести повторно од Хрватска! 20 починати за еден ден, 2.772 новозаразени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште 2.772 новоинфицирани лица беа регистрирани во Хрватска денес, а 20 лица починаа.

Денес беше објавено дека коронавирусот „влегол“ во загребската психијатриска болница „Свети Иван“, а има и позитивни меѓу вработените и меѓу пациентите, потврди директорот на таа медицинска установа, Игор Филипчиќ.

„Да, ковид-19 се појави, меѓу вработените и пациентите. Денешните податоци се како што следува: 15 вработени се позитивни, а 30 се во самоизолација. Сега имаме уште 50 нови тестови. Исто така, пет пациенти се позитивни“, рече Филипчиќ за хрватскиот портал 24сата.

Како што вели тој, повеќето од позитивните се асимптоматски, а за пенетрацијата на вирусот дознале, вели тој, со случајно тестирање.