Црно сценарио за Македонија? Економијата во „слободен пад“, прогнозите на ММФ лоши

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Средства нема да има така лесно на располагање, нема да можете кога ќе побарате две милијарди евра да се задолжите тоа да го направите кога ќе посакате“.

Иако дел од економистите, предвидувањата на Анѓушев искажани уште во месец март во Клик Плус, беа земени како нереални, неколку месеци подоцна неговата изјава не изгледа претерана.

„Тогаш изречената бројка од кусок од 2 милијарди во таа година беше истресена од рака и тоа беше неодговорна изјава што не се оствари…“, рече Гошев.

Но, дали навистина е така како што вели Гошев. Сега многумина прават математики и велат дека со четвртиот пакет мерки од околу 470 милиони евра и претходните три со вкупна вредност од 550 милиони, бројката надмина една милијарда евра.

Доколку потрае епидемијата со Ковид 19, можно е да има уште еден пакет мерки. Но, како ќе се надополни настаниот јаз во Буџетот  во услови кога парите се скапи и се потешко се наоѓаат?

Воедно се поставува прашањето дали на македонската економија и се заканува поцрно сценарио од  досега предвиденото?

„Треба да ги имаме прогнозите на ММФ… Иако се влошуваат нивните прогнози, тоа значи дека имаат претпоставки кои говорат дека движењата можат да одат во полоша насока отколку претходно предвиденото.“, вели Гошев.

ММФ  во својот извештај предупреди  на пад во економијата од 5,4 проценти. Премиерот  Заев  оптимист.

„Ги следиме сите параметри. Нашите проекции се 4,4 посто. Беа 5, се намалени на 4,4 затоа што очекуваме самите мерки очекуваме да го покријат 0,6 проценти падот.“, рече Заев.

На Владата нема да и биде лесно предупредуваат аналитичарите и укажуваат дека таа мора во иднина да се снаоѓа   преку внатрешни штедења и прераспоредувања на парите. Дека нема да биде лесно,неодамна потврди и првиот финансиер  Бесими кој ова отворено го призна пред новинарите.