Црвениот крст во Кичево продолжува со подршка на социјално загрозени семејства

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Општинската организација на Црвениот крст во Кичево продолжува да му излезе во поддршка на населението кое има потреба за помош, овој пат во неколку населени места во општина Пласница.

Ивана Лазеска од Црвениот крст во Кичево, потенцира дека преку нивните активисти продолжуваат со поддршка за населението во  Преглово, Лисичани и селото Пласница во општина Пласница.

– Црвениот крст општинската организација во Кичево и тимот за одговор при катастрофи вчера и денеска во соработка со УСАИД , дистрибуираше хуманитарна помош за ранлива категорија на лица. Нашите активисти успеаја да поделат 30 пакети со прехранбени продукти и 30 пакети со хигиенски средства за вкупно 30 семејства во горенаведените населени места во општина Пласница, рече Ивана Лазеска од Црвениот крст во Кичево.