Активни и локализирани пожари 07.08.2021 година
Пожарот на м.в.Бајаз Тепе сеуште е активен кај селата Робово, Умлена и Чифлик. Опожарена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта.
Состојбата во атарот на селата Црник, Умлена и Чифлик на сите места има распоредено екипи за контролирање на опожарените површини.
Во моментот пожарот е и над с.Мачево, каде има распоредено екипи.
Околу селата Робово и Будинарци се прави појас за да се прекине пожарот.
Интервенираат:
- АРСМ со 120 припадници;
- ШС Равна Река Пехчево со 30 вработени, со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз;
- ШС Малешево Берово со 15 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 2 возила за превоз;
- ТППЕ Берово со 7 пожарникари и 2 ПП возила;
- БППЗ Скопје и ТППЕ Штип и Струмица со по едно ПП возило;
- ПО ДЗС со 4 вработени и 1 теренско возило со цистерна;
- РЦУК Берово со 2 вработени;
- ПП екипи од Р.Бугарија со 20 пожарникари и 3 ПП возила;
- ПП екипа од Словенија со 45 лица и 17 возила;
- 60 луѓе од месното население.
Според информациите добиени од ШС Голак Делчево и ТППЕ Делчево, на територијата на општина Делчево на пожарот кој започна кај с.Нов Истевник, моментално единствено активен е делот на м.в. Чокалица на Средна Планина, во близина на с.Разловци.
Другите делови од пожарот на територијата на опш.Делчево се изгаснати.
Интервенираат: - АРСМ со 14-15 војници;
- ШС Голак Делчево со 15 вработени и 4 теренски возила;
- ТППЕ Делчево со 5 пожарникари и 1 ПП возило.
Пожарот кој до вчера 06.08.2021 година до 17:15 часот беше активен, во раните утрински часови повторно се гледа чад над с.Кадрифаково (опш.Свети Николе). Теренот е тешко пристапен. Екипи на АРСМ се во приправност за интервенција доколку пожарот се доближува кон магацините во с.Криви Дол. Екипа од ТППЕ Свети Николе и екипа од АРСМ го обиколат местото. Екипа од ТППЕ Штип со 3 пожарникари и 1 ПП возило и двајца ловочувари се отидени на гасење на пожарот.
Интервенираат:
ТППЕ Штип со 3 пожарникари и 1 ПП возило;
ТППЕ Свети Николе;
АРСМ.
Пожарот кај с.Богословец, е под контрола и на терен има екипа од ТППЕ Свети Николе.
Интервенираат ТППЕ Свети Николе
Пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица е активен и е на непристапен терен.
Интервенираат екипите од ШС Црно Бор Прилеп
Пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане во ниските предели е изгаснат, но во непристапните делови сеуште е активен.
На терен се ТППЕ Прилеп со 9 пожарникари со 2 ПП возила
Пожар кај вчера се појави кај с.Дамјан каде е опожарена неуредена нискостеблеста шума. Поради ветерот пожарот се шири кон селата Дедино и Ињево.
На координативно тело е договорено утрово во 05:00 часот да се излезе на терен и да се види какви мерки да се превземат.
Интервенираат
ТППЕ Радовиш со 5 пожарникари и 1 ПП возило;
ШС Плачковица Радовиш со 27 вработени;
Боров дол-Бучим со 1 цистерна, багер и друга маеханизација.
Пожарот во с. Џидимирци за кој од страна на РЦУК Велес известени се ШС Велес и истите испратиле 5 лица на терен, а подетални информации ќе се добијат по пристигнување на екипите на терен.
ШС Велес со 5 вработени
Пожарот во атарот на Дорутовец е обновен на ден 06.08.2021 година
Заради густиот дим предизвикан од пожарот во периодот од 17:45 до 19:00 часот, прекинат беше сообраќајот на патниот правец Велес – Штип.
Околу 19:00 часот пожарот е ставен под контрола.
Интервенираат:
ТППЕ Велес со 15 пожарникари со 3 ПП возила и 2 теренски возила.
Пожарот кај м.в.Погана е локализиран во 14:00 часот на ден 06.08.2021 година ЛОКАЛИЗИРАН
Од 14:00 часот се појавил пожар кај с.Киселица м.в.Вели Врв со кој е опожарена дабова шума (18 ха), ливади, ниви и пасишта (12 ха) кои се во приватна сопственост. Пожарот е локализиран во 20:00 часот.
Интервенирале:
ТППЕ Кринва Паланка со 10 пожарникари и 3 ПП возила;
ШС Осогово Крива Паланка со 20 вработени, АРСМ со 25 припадници;
Месно население 15 лица;
Црвен Крст 3 лица.
Според известување од НП Јасен со лицата кои ги имаат на терен, пожарот во атарот на селата Раовиќ и Буковиќ е локализиран.
Според известувањето од БППЗ гореле грмушки, а опожарени се околу 50 ха.
Екипите на НП Јасен остануваат на терен поради контрола.
