ЦУК: Пожарот на Галичица стигна до македонска територија, може да биде зафатена и шума од заштитена зона

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот на планината Галичица кој најпрво избил на албанска страна, е преминат на македонска територија со помош на ветрот.

„Пожарот кој се појави на планината Галичица на албанска страна, според последните информаии, со помош на ветерот е преминат на македонска територија кај граничен камен F-9. Во моментов гори сува трева, грмушки и ниска деградирана ретка шума. Теренот е непристапен, но и ризичен за гаснење од земја со човечка сила бидејќи има заостанати НУС од првата светска војна и постои реална опасност од нивно активирање. Опасност од проширување на пожарот постои и може да биде зафатена и заштитената зона од шума на НП Галичица.“, велат од ЦУК.