Туфегџиќ: Без јасна стратегија и идентификување на „противникот“, ветингот во судството нема да даде резултати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ во емисијата „Трилинг“ оцени дека случајот со судијата Ѓоко Ристов повторно ја актуелизира потребата од ветинг во судството, но предупреди дека без јасна стратегија таков процес нема да даде резултати.

Според него, клучно е најпрво да се идентификува вистинскиот проблем во системот – мала група луѓе кои навидум се принципиелни, а во пракса функционираат поинаку. Туфегџиќ нагласи дека тие не делуваат изолирано, туку како мрежа со заеднички интереси, создавајќи лажна слика за интегритет и поткопувајќи ја довербата во судството.

Тој порача дека ветингот мора да биде дел од поширока и прецизно осмислена стратегија, бидејќи во спротивно ќе остане формален процес без суштински ефект.