„Проектот за изградба на тунел под Кале, кој треба да ги ја поврзува „Пластичарска“ во Чаир со булеварот „Свети Климент Охридски“ во Центар ќе треба чека, бидејќи Град Скопје сѐ уште нема објавено нов тендер за избор на нова компанија која ќе го реализира проектот“, вели репортерката на ТВ21.
Град Скопје во септември го раскина првиот договор со компанијата „Мега Инженеринг“, бидејќи не ги запазила роковите за старт на градежните активности. Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов, вели дека ќе почекаат до ноември да се донесе Деталниот урбанистички план од општина Центар, па потоа ќе објават тендер.
Според проценките, за проектот кој беше презентиран пред две години, градот ќе потроши околу 30 милиони евра. Беше ветено дека ќе биде готов за 6 месеци, но потоа рокот беше продолжен за дополнителни 6 месеци поради сложеноста на проектот, а во употреба требаше да се пушти до 2022 година. Според планот, сообраќајницата ќе почнува од булеварот „Свети Климент Охридски“ и ќе биде издигната на височина од шест до девет метри. Потоа, од зградата на Владата сообраќајот ќе се одвива по нов мост преку реката Вардар кој ќе биде долг 173 метри, а широк 20 метри и ќе има четири сообраќајни ленти.