Турчин уапсен во Црна Гора, го поврзуваат со градежни фирми во татковината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турскиот бизнисмен Ахмет Калиончу е уапсен во Подгорица, главниот град на Црна Гора врз основа на потерницата која е распишана од Турција.

Неговиот адвокат Далибор Кавариќ е уверен дека апсењето е поврзано со новите случувања во Турција околу земјотресот и паѓањето на зградите.

Турскиот државјанин бил уапсен во моментот кога се враќал во својата куќа.

„На мојот клиент му е соопштенот дека Турција го бара опради кривично дело со платежни картички. Меѓутоа семејството и јас се сомневаме дека мотивот е неговата поврзаност со градежна фирма за производство на бетон. Ако имаме во предвид случувањата во Турција и апсењата на сопствениците на градежни фирми, семејството и јас сме убедени дека е тоа причината за негово апсење“, вели Кавариќ.