Туристичките работници од вторник на протест – неповратна помош и пролонгирање на ваучерите за патување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неопходна неповратна финансиска помош за секоја лиценцирана туристичка агенција со цел опстанок и ликвидност на компаниите за 2021 година. Со ваучерите кои ќе се доделуваат од кампањата „Дома си е дома“ да не бидат скокнати туристичките агенции, туку да бидат задолжително искористени преку нив. Рокот да се пролонгира за ваучерите кои им ги издадоа на граѓаните кои не патуваа заради Ковид 19.

-Интересот за патување е сведен на минимум скоро да не постои. Падот на прометот кај сите туристички агенции е над 80% а кај големиот дел и 100%. 2021 беше годината кога сите се надевавме дека ќе се вратиме во нормала, но истата се покажа и полоша од претходната. Континуирана помош од Владата нема–вели Ана Марија Алексова.

Режиски трошоци, кирии, вработени, бидејќи лиценцирани дејности мораат да имаат минимум број на вработени се дел од трошоците кои ги иаат туристичките агенции.

-Минатата година нашите барања за помош ги поднесовме во април, помошта ја добивме на 23-ти декември. Годинава немаме ниту, средства, ниту сили, да издржиме да го чекаме декември. Опстанокот на секоја туристичка агенција е под знак прашалник.-вели Алексова.

Револтирани поради одолговлекувањето на петтиот пакет мерки, туристичките работници сметаат дека не се сериозно сфатени и најавуваат дека ќе им се придружат во протестот на угостителите во вторник.Велат дека ќе останат пред институциите до целосно реализирање на нивните барања.