Ваква е глетката во Центарот за вакцинација во Тетово. Иако со закажан термин за вакцинирање, граѓаните чекаат по два часа. Велат дека се влегува без ред поради што чекаат и по два часа.
„Ова се случува само во Тетово, имаме термин кој тие ни го одредиле и пак не шетаат цел ден.“
ТВ21: Во колку часот ви е терминот, сега е 11 часот?
„Во 10 часот. Дојдов од 9. Очекував да го почитуваат терминот, но нема шанси. Нека дојде Филипче да види што се случува тука во Тетово.“
„Од 9 часот сум тука, вака беше, беше и полошо, се е катастрофа, не знам.“
„Терминот ми е беше во 9 45, сега е 11, уште 5 часа не можам да дојдам на ред. Почна и на улица да дадат вакцини, во цивилна облека, во кола им даваат. Нема никаков ред, полицијата не спречува. Тука е и војската, не е во ред. Не знам зошто ми го пратиле писмово.“
„Вака не се вакцинира, многу поблиску ковид се.“
ТВ21: Дали се чувствувате загрозен?
„Како да не, не знам, нормално дека сите овде се чувствуваме лошо.“
А, оние кои се вакцинирале не можат да излезат. Редарот ја затворил вратата и си заминал. Во придружба со постари лица, вакцинираните тропаат на вратата.
Обезбедувањето не ни дозволи да влеземе во Центарот за вакцинација. Накратко рекоа дека немаат одобрение да пуштат новинарски екипи внатре во објектот.
„Ваква е глетката кај пунктот за вакцинација во Тетово. ТВ21 се обиде да влезе внатре но обезбедувањето ни рече дека ни е потребна дозвола за тоа.“, вели репортерот на ТВ21.
Иако во Тетово има доволни количини вакцини, сепак полицијата, ниту припадниците на АРМ не можат да одржат ред.
