Турскиот парламент усвои закон со кој се забранува користењето на социјалните мрежи од страна на деца под 15 години.
Според одлуката, лицата под 15 години нема да можат да отвораат профили на социјалните мрежи, а дигиталните платформи ќе мора да имплементираат системи за проверка на возраста.
Социјалните мрежи ќе мора да обезбедат јасни, разбирливи и едноставни алатки за родителска контрола, објави ТРТ Хабер.
