Турција одбележува тажна годишнина од катастрофалниот земјотрес – удрил со 7,2 степени, загинале преку 1000 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 1970 година на денешен ден, се случил еден од најкатастрофалните земјотреси во Турција и во Светот воопшто, во кој загинаа повеќе од 1000 лица, односно 1086 лица, а повеќе од 1200 беа повредени.

Земјотресот бил со интензитет од 7,2 степени со епицентар во близина на Гедиз. Земјотресот урнал 9 452 објекти, а неколку лица живи изгореле во пожари настани по потресот.

Стручњаците велат дека доколку се случел на погусто населено подрачје, или во поголем град, бројот на жртви би бил уште поголем.

Во истата година се случиле уште два катастрофални земјотреси. Во Перу се случил земјотрес со интензитет од 7,9 степени, во кој загинаа преку 60 илјади лица. Тоа се случило во мај.

Претходно во јануари 1970 година, во Кина удри земјотрес со јачина од 7,1 степен, при што загинаа повеќе од 10 илјади лица.