Турција: Срушени згради во Измир, поплавени улици (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со јачина од 7 степени ги стресе грчките острови и дел од Турција на Егејското Море. Земјотресот се случил на 17 километри во морето западно од турската покраина Измир.

Според Си-Ен-Ен Турк, земјотресот се чувствувал сè до Истанбул, а грчките медиуми велат дека овој потрес се почувствувал скоро во цела Грција.

Стравични видео снимки и фотографии од урнати згради доаѓаат од Измир. Во тек е потрага по исчезнатите во урнатите згради.

Министерот за внатрешни работи Сојлу пред малку истакна дека досега е пријавено рушење на шест големи згради во Измир.

Покрај урнатите згради, подигнато е нивото на морето во крајбрежните градови и некои од улиците се поплавени.