Турција тврди дека грчката крајбрежна стража отворила оган врз товарен брод во Егејското Море

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бродови на грчката крајбрежна стража пукаа врз товарен брод во Егејското Море, соопшти денеска турската крајбрежна стража.

Во соопштението се наведува дека на бродот, кој се наоѓал југозападно од турскиот остров Бозјаде, немало жртви.

Грчката амбасада во Анкара не се огласи по ова прашање, а причината за нападот не е позната, пренесе Бета.