Турција уапсила 400 лица поради ширење на лажни вести за коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турција во последните 42 дена, уапсила 402 лица поради наводно ширење на лажни вести околу коронавирусот. Осомничените ги објавувале вестите на своите профили на социјалните мрежи, изјавија денеска властите на оваа земја.

Од турското министерство за внатрешни работи соопштиле дека проверувале преку 6 илјади профили, и констатирале дека 402 лица објавувале „провокативни“ информации.

Осомничените наводно со објавите, предизвикувале непотребна паника меѓу граѓаните во врска со Ковид-19.