Турција уништи камиони на ЈПГ кои превезуваа оружје на сириската армија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турската разузнавачка агенција уништи 12 камиони натоварени со проектили и тешко оружје, два тенкови и складишта за муниција кои припадниците на курдската милиција ЈПГ ги превезувале во североисточна Сирија, јавува Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор од турската безбедност.

Изворот рече дека воената опрема ја оставиле зад себе вооружените сили на соборениот претседател Башар ал Асад кога ја напуштиле областа Камишли во североисточна Сирија.

Курдските Единици за заштита на народот (YPG) се водечки дел од коалицијата на групи поддржани од САД кои ги сочинуваат Сириските демократски сили (SDF).

Оваа група уживаше речиси целосна автономија во североисточна Сирија, која со години е под нивна контрола.