Турците в недела бираат нов Парламент

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните на Турција в недела ќе излезат на втори парламентарни избори годинава, во услови на политичка настабилност и зголемени безбедносни закани.

Изборите се одржуваат во атмосфера кога кај Турците се чувствува замор од ветувањата на партиите, за што доказ е и летаргичната атмосфера во која минуваше изборната кампања.
Собирите во текот на оваа кампања беа далеку помалубројни и послабо посетени од оние пред изборите во јуни годинава, кои донесоа поделен Парламент во кој не можеше да се формира мнозинство за стабилна влада, што доведе и до негово експресно распуштање и распишување на нови избори.