Иран: Во понеделник состанок во Оман за пловидбата низ Ормускиот теснец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министрите за надворешни работи на арапските земји во понеделник ќе се состанат во Мускат, каде што ќе разговараат за воспоставување безбедна пловна рута меѓу Иран и Оман низ Ормускиот теснец, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Пезешкијан изјави дека на состанокот треба да биде потпишан договор за заедничка пловна рута, а за неговите резултати ќе биде информирана Меѓународната поморска организација, пренесува Анадолија.

Тој додаде дека на состанокот ќе присуствуваат и претставници на земјите од чии територии САД изведувале напади врз Иран.