Туск: Ќе побарам од лидерите на ЕУ да кажат дали се подготвени за сериозни одлуки за одбраната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полскиот премиер Доналд Туск најави дека на денешниот самит на европските лидери во Париз, во врска со војната во Украина, ќе побара од лидерите да се изјаснат дали се подготвени да донесат „сериозни одлуки за одбраната“ и оцени дека не треба да се размислува за воспоставување алтернатива на НАТО.

„Треба да се донесат големи одлуки за европската безбедност. Не можеме ефективно да и помогнеме на Украина ако сега не обезбедиме дека сме способни да се браниме“, рече тој, додавајќи дека во интерес на САД и Европа е тесно да соработуваат, објави Ројтерс.

Тој исто така нагласи дека ако една земја сака да обезбеди безбедносни гаранции за Украина, таа земја мора да може да ги обезбеди гаранциите и да ги спроведе.