Тутунарите на протест, го блокираа патот Прилеп – Градско

НАЈНОВИ ВЕСТИ

утунарите од Пелагониско денeска два часa од 10 до 12 часот го блокираа магистралниот пат Прилеп-Градско, на излезот од градот. Oстанувaат на барањата и велат дeкa нема да отстапат од реален откуп, укинување на четвртата класа и реална цeна за врвните берби. Бараат нивниот официјален претставник, Сојузот на земјоделските здруженија, да биде со нив и да ги поддржи.

Флоре Грујевски, тутунопроизводител од Могила, е револтиран од откупувачите, а признава дека првпат министер за земјоделство веднаш се сретнал со нив.

– Целиот проблем ќе биде решен да отстапат откупувачите од четвртата класа и тогаш просекот ќе биде минимум 180-190 денари и реално да се ценат врвните берби. Му се заблагодаруваме на министерот за земјоделство кој брзо оствари средба со нас. Откупувачите го излажаа, прво министерот, а потоа и нас. Бараме и нашиот официјален претставник од Сојузот на земјоделските здруженија Менде Стомнароски да дојде и да биде со нас, изјави Грујевски.