ТВ21 анализа: Колку потрошиле и што сработиле пратениците?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во анализата на ТВ21 направивме и вкупно сумирање меѓу патарините и потрошени пари за гориво во изминатата 2023 година. Листата е следна.

Јадранка Поцкова, останува на првото место со 676 илјади денари за една година.

Второто место го зазема Љубица Спасова од СДСМ со 613 илјади денари, на трета позиција се наоѓа Миле Талевски како и впрочем на претходните две презентации 602 илјади денари.

Четвртата позиција е пратеничката од СДСМ од петтата изборна единица Марија Кочовска за една година инкасирала 556 илјади денари, на петтата позиција Панче Минов од ВМРО-ДПМНЕ кој инкасирал 551 илјади денари за само една година односно 2023.

Она што сега се поставува како прашање, бидејќи денеска се избира техничката Влада, што следува понатаму?!

На 28-ми јануари е гласањето на техничката Влада и тоа мора да се случи до полноќ за да се запази законскиот рок 100 дена пред избори да се формира техничка Влада. 

Во средината на февруари се очекува законодавниот дом да приврши со овој мандат и да се распишат избори па да се распушти.

На 24-ти април за прв пат ќе гласаме за прв круг за претседател, на 8-ми мај ќе гласаме за парламентарни избори, а на 12-ти мај се очекува, по завршување на изборниот процес да одржи инаугурацијата на претседателот, а подоцна на 28-ми мај да се конституира и новиот парламентарен состав и да видиме како ќе бидат распределени силите.