ТВ21 дознава: Во тек е полициска акција во Сарај, запленет кокаин, неофицијално целата пратка е 1,3 тони

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Според информациите на ТВ21 во тек е полициска акција во селото Крушопек, Сарај.

Запленет е кокаин, иако засега точно не се знае колкава количина завршила во Крушопек, сепак неофицијални извори за ТВ21 велат дека се работи за околу еден тон.

Првичните информации велат дека пратката прво стигнала од Америка во Бар, Црна гора, а потоа требало да се транспортира во Копер, Словенија.

Од засега непознати причини рутата е сменета и пратката завршила во Крушопек.