ТВ21 дознава за можните главни партиски адути во изборните листи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Два месеца пред предвремените парламентарни избори, веќе започнаа калкулациите кој ќе ги предводи изборните листи на главните партии во земјава.

ТВ21  дознава некои од имињата кои се претенденти да ги предводат изборните листи, како на пример во Изборната единица бр.1, каде се очекува од Социјалдемократскиот сојуз, прв на листата да биде Никола Димитров, актуелен министер за надворешни работи.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се очекува дека ќе биде професорката Гордана Силјановска-Давкова, додека од редовите на ДУИ, носител на листата во Изборна единица бр.1 да биде Изет Меџити.

Што се однесува до ИЕ2, носител на листа од СДСМ, се очекува да биде актуелниот премиер Оливер Спасовски, а од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, носител на листа во ИЕ2 се очекува да биде Владо Мисајловски.

Од другата партија на власт, односно  ДУИ, се очекува да биде доктор Илир Хасани, меѓутоа постои можност сепак носител во оваа Изборна единица да биде  Изет Меџити во случај да биде одлучено носител во ИЕ1 да биде Бујар Османи.

Всушност, името на вицепремиерот Бујар Османи се спомнува во три изборни единици, бидејќи партијата сѐ уште нема одлучено каде ќе биде позициониран Османи.

Тој,  барем според изворите на ТВ21 ужива добар рејтинг. Исто така се размислува и за трета опција, според нашите извори, постои можност ДУИ за прв пат да се обиде да добие пратеник во ИЕ3. Доколку актуелниот вицепремиер од редовите на интегративците, Бујар Османи,  биде носител на листа во ИЕ3, Љупчо Николовски се очекува да биде носител на листа од СДСМ во ИЕ3, додека од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува да биде потпретседателот на партијата, Александар Николовски.

Овде преминуваме кај ИЕ 4. Тука се гледа јасно дека албанските партии немаат некој претензија, бидејќи во 4-тата Изборна единица листата на СДСМ ќе ја предводи Зоран Заев, а како противкандидат на листата на опонентите се појавува Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Што се однесува до 5-тата Изборна единица, како што дознава ТВ21, Мила Царовска ќе ја предводи листата на СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште нема одлучено за 5-тата Изборна единица, бидејќи, како што велат нашите извори, опозициската партија смета дека тука СДСМ е послаба, поради незадоволството на граѓаните од работењето на Битола и Струга. Со Битола раководи СДСМ, а со Струга – ДУИ. Што се однесува до ДУИ, во 5-тата Изборна единица се очекува носител на листата да биде собранискиот спикер, Талат Џафери. 

Од она што го велат нашите извори, дознаваме дека првиот човек на интегративците, Али Ахмети, со овој предлог тактизира за да избегне можен судир со огранокот на партијата во Гостивар.

-Кога станува збор за 6-тата Изборна единица, се чини дека ќе биде „пожешко“  во албанскиот политички блок, бидејќи се очекува самиот лидер на интегративците, Али Ахмети да ја предводи листата во ИЕ 6, исто како неговиот политички ривал, Зијадин Села од Алијанса за Албанците.  

Неофицијално ТВ21 дознава дека СДСМ како добра опција за оваа Изборна единица го гледа Имер Селмани, но како што дознаваме, самиот Имер Селмани не покажал интерес да биде прв на Изборната листа бр. 6. Според нашите извори, доколку Алијанса за Албанците и Алтернатива, како што се зборува, отидат во заедничка предизборна коалиција, СДСМ тука има отворен пат да коалицира со Движењето Беса, иако оваа информација не е потврдена, но во тој случај претседателот на Беса, Биљал Касами би бил оној кој би ја предводел листата во 6-тата Изборна единица.  

error: Content is protected !!