Мицкоски: На странските инвеститори им нудиме стратешка локација и квалитетен и искусен кадар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Виница рече дека Македонија на странските инвеститори може да им понуди одлична стратешка локација и квалитетен и искустен кадар кој има знаење.

„Македонија на странските инвеститори им нуди стратешка локација. Коридорот 8 и коридорот 10 кои ќе ја поврзат централна Европа со Медитеранот на Егејското море, и коридорот 8 кој има цел да ги поврзе Јадранското и Јонското море со Црното море. И тоа може сите странски инвеститори да го користат како предност. Потоа искусен и квалитетен кадар кој може да им понудиме, има знаење нешто кое преставува наша предност во споредба со конуренцијата“, рече Мицкоски.