ТВ21 дознава: Зибери на функцијата омбдусман, на Иџет Мемети му истекува мандатот во декември 2020 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТВ21 неофицијално дознава дека Насер Зибери ќе биде назначен за народен правобранител ма РСМ. Официјална потврда од Зибери сè уште нема но извори на ТВ21 велат дека Зибери ќе биде наследник на Иџет Мемети чиј мандат истекува во декември 2020.

Според Уставот народен правобранител се бира од Собранието со 8 годишен мандат. ДУИ во предизборната кампања го претстави Насер Зибери како кандидат за иден премиер на земјава. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес конференција по состанокот на партискиот совет на 19 август, на прашањето што ќе биде со Насер Зибери, изјави:

„Вие сите знаете дека г. Зибери е нотар и ја продолжува својата дејност како нотар до моментот кога ќе се договориме за одредена важна одговорност која се однесува на неговата професија.“, рече Ахмети.

Инаку мандатот на народниот правобранител трае 8 години, со право на рекандидирање за уште еден мандат.

Актуелниот народен правобранител Иџет Мемети на оваа позиција дојде во 2004, а во 2012 мандатот му беше продолжен за уште 8 години. Тој оваа функција ја напушта по 16 години.

За прв пат во Македонија, народен правобранител е избран во 1997 а тоа беше Бранко Наумовски.