ТВ21 на терен: И ЕБР ја опколи зградата на МНТ, полицијата полека се повлекува

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Единиците за брзо распоредување, се насекаде во близина на зградата на Македонскиот народен театар, откако попладнево МВР добила пријава за напад.

ТВ21 се наоѓа на терен и информира за силно полициско обезбедување.

МВР се огласија по повод дојавата за напад на Македонскиот народен театар. Беа евакуирани неколку објекти во близина.

– Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации, наведуваат од МВР. 

Македонскиот народен театар ги откажа вечерашните настани.

ТВ21 последно јавува дека полека полициски сили си заминуваат, останати се уште неколку, со што проверката завршила. Останува МВР да соопшти официјален став околу вечерашната дојава за експлозив.