Аптеките кои денеска беа дежурни, беа полни со граѓани кои бараа да купат заштитни средства од вирусот. Заштитни маски, средства за дезинфекција и ракавици беа нивните главни барања. Екипата на ТВ21 посети неколку аптеки за да види дали има заштитни средства и која е нивната цена.
Дека цените на заштитните средства се покачени потврди и Пазарниот инспекторат. Пред неколку дена министерот Филипче рече дека покачувањето на цената на заштитните средства од вирусот е поради покачување на цените при увозот.
Врз основа на мерките од Владата, Државниот пазарен инспекторат заедно со Агенцијата за лекови и медицински средства, треба да спроведат инспекции на сите места каде што се продаваат заштитни средства од вирусот.
