ТВ21 на терен во општина Гази Баба, како се одвива таму изборниот процес?
„Се наоѓаме во училиштето „25 Мај“, во Сингелиќ, општина Гази Баба. Во ова училиште има 15 гласачки места. Уште од утринските часови беше забележана голема заинтересираност од граѓаните за искористување на нивното гласачко право“, истакна репортерката на ТВ21.
„Уште во 6:30 утрово бевме на гласачкото место. Точно во 7 часот гласачките места беа отворени и сѐ се одвива според прописите. И комисијата, и гласачите ги почитуваат мерките, носат маски и вршат дезинфекција“, посочија од изборната комисија.
