ТВ21 со полицијата за време на полициски час – еден граѓанин избега, друг беше уапсен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Интервентната полиција побрза да фати еден граѓанин кој успеа да избега од полицијата која одржува ред околу кејот на Вардар.

Заедно со него, полицајците го фатија на дело овој граѓанин, кој страда од епилепсија. Тој излегол на воздух, но бидејќи немал дозвола за движење во полициски час, го одведоа во полициска станица.

Ситуацијата беше нејасна и за полицајците кои комуницирајќи со другите колеги се обидуваа да најдат решение.

Пред да дојде  полицијата , околу кејот на Вардар можеше да се видат граѓани, некои пушеа цигари, други се возеа на велосипед….Имаше и такви кои ги обезбедуваа околните објекти.

Улиците беа празни.

Мирно беше и во центарот на Скопје.

Немаше луѓе ниту  на најфреквентната улица “Македонија“. Но видовме еден уличен уметник кој е бездомник.

Се движат и таксистите.

Имаше и возила и од Брза Помош кои брза да спасат човечки животи.