ТВ21 во Атина, Пендаровски прв претседател во посета на Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски е во официјална прва посета на Атина. Оствари тет-а-тет средба со претседателката на Грција, Катерина Сакеларополу на која беше констатиран позитивниот тренд на севкупните билатерални односи меѓу двете држави.

Пендаровски истакна дека оваа посета има историска димензија и е значајна, како прва средба на највисоко политичко ниво меѓу две соседни држави после триесет години.

Применувањето на договорот од Преспа е значаен за нашите односи. Направени се многу чекори по потпишување на договорот, но се уште остануваат за целосна негова реализација.

Темата Евроинтеграции и проблемот со Бугарија беше исто така на маса за разговор на највисоко ниво тука во Грција.

Пендаровски изрази благодарност за поддршката од Хеленската Република која станува еден од најгласните поддржувачи на нашата интеграција во Европската Унија и изрази очекувања дека поддршката ќе се интензивира во наредниот период.

Претседателот Пендаровски, се сретна со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис. Заеднички се сложенија, дека по потпишувањето на договорот од Преспа, има зголемување на трговската размена, а Мицотакис задоволен што соработката оди напред како што рече тој со стабилни чекори во енергетиката, одбраната, поврзаноста и меѓуграничката соработка. Јовица Пауноски, ТВ21, Атина, Грција