ТВ21 во живо од Штип во вестите во 19 часот разговараше со кандидатот за градоначалник од Македонска конзервативна партија Интегра, Симон Поликарп или попознат како Џими.
Тој најпрво им се заблагодари на сите граѓани коишто излегле на изборите и ја дале поддршката за неговата кандидатура.
„Прво да земеме во предвид дека има само осум месеци, а за тие месеци не може многу да се постигне, но ветувам дека во првите недели ќе формираме тим во кој и останатите кандидати кои имаа прекрасни идеи, ќе бидат поканети да дадат свое мислење за тоа што можеме да постигнеме за овие месеци“, истакна Поликарп.
Според него прво би било уредување на центарот, бидејќи ова е еден од најголемите градови во регионот и би требало да доликува на своето место.
„Уредување на градското подрачје, сообраќајниот хаос да се среди и паркинг места, тоа би било отприлика се што може да се постигне за толку мал период“, истакна за ТВ21 кандидатот за градоначалник Симон Поликарп.
Тој посочи и дека повторно би се кандидирал на следните избори за градоначалник, а вели и дека овие осум месеци се само старт и подготовка кон следните избори.
