Уапсен 20-годишен возач – удрил во 13-годишен велосипедист, кој се здобил со тешки повреди

НАЈНОВИ ВЕСТИ

20-годишен возач е уапсен откако удрил 13-годишно дете кое возело велосипед.

Несреќата се случила во населбата Драчево во Скопје вчера околу 16:10 часот, каде патничко возило „Сеат“ со скопски регистарски таблички, управувано од 20-годишниот А.П., удрило во велосипед што го возел 13-годишник.

Како последица на несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде лекарите ја констатирале сериозноста на повредите.

На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Скопје, а возачот е лишен од слобода врз основа на член 300 од Кривичниот законик.

Надлежните работат на целосно расчистување на случајот.