Министерството за внатрешни работи објави дека е лишен од слобода Алексаднар Лазаров од Кочани, кој пред неколку дена избега од полициската станица во Кочани, а за него беше распишана централна и меѓународна потерница. МВР не даде детали каде е уапсен Лазаров, туку само дека дека е приведен од полициски службеници на СВР Скопје.
На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка“, стои во објавата на МВР.
